Словенија ја стресоа протестите!

Објавено на 1 декември, 2012 во 11:01

Полицијата и околу 500 демонстранти се судрија синоќа, на протестите во Љубљана, кога група на демонстранти почнале да фрлаат камења и шишиња кон полицајците и се обиделе да го пробијат полицискиот кордон за да влезат во зградата на Парламентот. Полицијата употребила солзавец и водени топови, јавува порталот 24 ur.

Вкупно повредени се 26 лица од кои 15 полицајци. Полицијата прво ги предупредила демонстрантите а потоа 30 од нив уапсила.

На протести против корупцијата во политиката и јавните услуги на градските плоштади во Љубљана, Марибор и другите словенечки градови излегоа илјадници граѓани. Освен во Љубљана во другите градови протестите биле мирни. Првиот протест на незадоволните граѓани се случи на 26 ноември, годинава кои се организирале преку социјалната мрежа Фејсбук. Тие бараат оставки од повеќе политичари во Словенија како и од премиерот Јанез Јанша.

{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=zWtLJGleGYg{/youtube}

Во Словенија утре ќе се одржи втор круг на претседателски избори. На избирачкото ливче се наоѓаат имињата на поранешниот премиер Борут Пахор и актуелниот шеф на државата Данило Тирк.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.