Прага блесна со најголемата новогодишна елка!
На плоштадот „Старомјетске намјести“ во центарот на Прага, синоќа беа запалени сијаличките и светлечките украси на најголемата елка која годинава е поставена во Чешка. Дваесет и две метри високата и природна елка почнуваше да свети постепено, скоро две минути.
Најпрво блеснаа белите капки и мразулци, потоа им се придружија црвените машни, ленти и светлечки анимации, додека настанот го следеа десетици илјади луѓе.
За разлика од порано, годинава туристите и посетителите на Прага нема да можат да се загреат со топол рум и пунч. Заради метанолската афера во која од нелегален алкохол со метанол починаа 37 лица, во цела Чешка е забрането продавање на тврд алкохол на отворено.
Божиќната треска на Интернет веќе започна. Чесите во е-продавниците ќе потрошат неверојатни 650 милиони евра,а се предвидува дека 10-ти декември е денот кога ќе се потрошат најмногу пари за подготовките за Нова година.
Годинава се предвидува хит да бидат таблет компјутерите и електронските книги, чија цена во споредба со лани е намалена.
