Мајката што со секира маваше по синот ќе одговара за „Убиство во обид“!

Објавено на 4 декември, 2012 во 14:05

Поради постоење на основи на сомнение за сторено кривичното дело „Убиство во обид„ СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.К. (51) од Охрид, објави www.lihnid.com.

Пријавената,  на трети овој месец на свиреп и подмолен начин се обидела од живот да го лиши нејзиниот син Б.К.(23), удирајќи го со секира во главата.

Вчера утро, во нивниот семеен дом на улицата „Ирина Мирка Гинова“ во Охрид најнапред се случила вербална расправија во момент кога пријавената се обидела да го разбуди синот за работа. Револтирана од караницата, пријавената М.К. отишла во подрумските простории од куќата од каде ја зела секирата и со сечилото го удрила синот во левата страна од главата. По кратко време М.К.  му нанела уште три удари на синот во левата регија на главата во висина на слепоочницата.

Со тешки телесни повреди Б.К. итно е пренесен во општата а потоа и во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид од каде, по укажаната медицинска помош, како критичен случај е префрлен во клиничкиот центар во Скопје.

На лице место е извршен криминалистичко-технички увид, пронајдена и одземена е секирата со која се нанесени повредите.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.