Градоначалникот на Марибор си поднесе оставка!

Објавено на 6 декември, 2012 во 13:56

Франц Канглер денеска си поднесе оставка по притисокот од јавноста поради обвиненијата за корупција. Според словенечките медиуми градоначалникот на Марибор  функционерската фотелја ќе ја напушти на 31 декември.

Критичарите го обвинуваат дека е корумпиран, по што во изминативе неколку денови илјадници жители на Маробор излегоа на протести кои ескалираа со насилство. Тие демонстрации ги инспирираа граѓаните на Словенија и во други градови да излезат на протести против корупцијата во „политичката елита“ за време на економска криза.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.