Католичките верници го слават Бадник и Божиќ!
Објавено на 24 декември, 2012 во 10:21
Сите христијански цркви,а меѓу нив и Римокатоличката црква, вечерва слават Бадник а по полноќ и Божиќ, празникот на раѓањето на Исус Христос.
Во одбележувањето на големиот верски празник учествуваат сите верници кои времето го сметаат според Грегоријанскиот календар.
Според преданието Исус Христос е роден 25 декември, во пештера во Витлеем, па тој датум, со разлика во календарите, се почитува низ целиот христијански свет.
Македонската, Руската и Српската православна Црква, Ерусалимската Патријаршија и Света Гора овој празник го прославуваат според Јулијанскиот календар, 13 дена подоцна.
