Колкава плата сакаат Хрватите?

Објавено на 25 декември, 2012 во 11:18

Повеќе од 40 отсто од хрватските граѓани би биле исклучително задоволни ако нивните плати се зголемени за 400-660 евра, покажуваат спроведените анкети.

Според истражувањето, околу 20 проценти од испитаниците изјавиле дека би биле многу среќни ако нивните месечни плати би изнесувале околу 1330, 00 евра.

Околу две третини од хрватските граѓани сметаат дека би биле богати луѓе ако во моментов на банкарските сметки би имале по милион куни, односно 133 илади евра, а Јутарњи лист заклучува дека тоа би значело оти во Хрватска не би имало несреќни луѓе кога државата би добила подарок од 557 милјарди евра.

Хрватите во просек, во споредба со истражувањето на Еуростат ОД 2009 година, не се помалку незадоволни, како што биле тогаш, објави загребски Дневник.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.