Виена, главниот град на Австрија најуспешен град!
Објавено на 25 декември, 2012 во 11:42
За најдобро место за живеење е прогласен според студијата на Обединетите нации „Главни градови на светот 2012/2013“.
Виена , во конкуренција на 70 светски метрополи се најде на првото место и е прогласена за најуспешен град.
Овој примат го заслужи поради високиот квалитет на живот, продуктивноста, одржливоста, животниот квалитет и инфраструктурата стои во студијата на ОН.
Друштво на Виена и прават Цирих, Торонто и Брисел.
Резултатите од студијата особено му годат на градоначалникот на Виена, Михаел Хојпл, кој рекол дека тоа е потврда на градската политика и вооедно се заблагодарил на сите ангажирани од градот што успеале да направат призната светска метропола.
