Папата го честита Божиќ и на македонски јазик!
Објавено на 25 декември, 2012 во 17:24
На плоштадот Свети Петар денеска беа собрани десетици илјади луѓе за да ја слушнат божиќната порака на Папата Бенедикт 16-ти и неговиот благослов „Урби ет Орби“. Тој го изговори на 65 јазици.
Неговата порака годинава беше главно фокусирана на Сирија и конфликтот во кој не се поштедени „ниту недолжните“.
„Уште еднаш повикувам да му се стави крај на крвопролевањето, да им се даде помош на бегалците и да се бара политичко решение за конфликтот по пат на дијалог“, рече папата.
