Градоначалникот на Ниш возел такси на Нова година за да ги чуе проблемите на Нишлии!
За да ги слушне проблемите на граѓаните, градоначалникот на Ниш Зоран Перишиќ, новогодишната ноќ ја поминал како возач на градско такси возило.
Перишиќ одлично се снашол бидејќи не бил препознат во улогата на таксист, јави регионалната телевизија RTV Belami.
,, Дека на нова година ќе ме вози градоначалникот кога ќе викнам такси, не ми беше ни на крај памет. Мислев дека е само расположен, муабетџија возач,, изјавила девојка од Ниш, која се нашла во таксито на градоначалникот.
Но, градоначалникот во разговорите со граѓаните во таксито слушнал дека сакаат повеќе спортски случувања, зоолошка градина, поголема хигиена во градот и аква парк.
Некој од нив барале да се истражи и Нишката тврдина. Перишиќ најавил ангажман и на полето на археолошките ископувања во тврдината.
