САД отвори нови работни места!

Објавено на 4 јануари, 2013 во 09:46

Работодавачите во Америка, во декември,  отвориле 215.000 работни места што е значително повеќе во однос на ноемвриските 148.000 работни места, според извештајот на приватната компанија за вработување АДП.

 

Зголемената вработеност ја поттикнал постигнатиот договор меѓу Конгресот и американскиот претседател Барак Обама за избегнување на зголемен данок за повеќето Американци.

Пазарот на труд се покажа стабилен во декември, и покрај интензивирањето на преговорите за фискалната бездна, истакна Марк Занди, главен економист на компанијата „Мудис аналитикс“, која заедно со АДП работи на извештајот за вработување во приватниот сектор.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.