Шверцувале еден милион килограми лук!
Објавено на 9 јануари, 2013 во 20:44
Поради шверц на приближно милион килограми лук, двајца британски државјани заработија кривични пријави и е распишана потерница, а се бара и нивна екстрадиција во Шведска.
Лукот кој се обиделе да го шверцуваат достигнува вредност од најмалку 10 милиони евра. Лукот го увезиле законски и без царина, од Кина во Норвешка. Потоа бил шверцуван понатаму, преку Шведска на подрачјето на ЕУ, каде што има високи царински давачки за увоз на бел лук.
Обвинителот Томас Алстранд тврдел дека се работело за големи зделки