На Берлускони сепак ќе му се суди!
Објавено: 15 јануари, 2013, во 08:15 часот
Судот во Милано го одби барањето на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони за одложување на судењето против него до изборите во февруари, јави радио Слободна Европа.
76 годишниот Берлускони е обвинет дека плаќал за секс со малолетно лице. Според обвинението тој платил за секс со мароканската танчерка Карима ел-Маруг во 2010 година кога таа имала 17 години. Двајцата негираат дека имале сексуална врска. Пресудата се очекува пред изборите кои се закажани за 24 и 25 февруари. Берлускони ја предводи кампањата на неговата десно-центристичка коалиција, но нема повторно да се кандидира за премиер. Тој се повлече од премиерската позиција во ноември 2011 година.
