Гол Хрват во Катедрала : „Секс! Секс во училиштата“!
Објавено: 20 јануари, 2013, во 14:48 часот
На среде расправа за здравственото воспитување во Хрватска протече информација дека во последниот ден од 212 година во Катедралата во Загреб влегол гол маж кој на глас викал „Секс во училиштата“.
Инцидентот се случил наутро, околу 10.30 часот кога во црквата имало мал број на врници и група туристи.
„Мажот кој втрча имаше околу 25 години, беше физички јак и имаше кратка темна коса. Ми требаа само неколку секунди да сватам дека некој трча гол во катедралата. Чуварите го бркаа неколку минути и го фатија. Бидејќи се обидуваше да им се оттргне од раце им помогна полицаец. Тие го замолија мажот да се смири на што тој почнал да вреска: „Викнете го Кардиналот“. Излегле и чесните сестри и побарале од туристите да не ја снимаат случката бидејќи мажот бил Сатана“, го пренесува Јутарњи лист сведочењето на верникот Никола кој се нашол во катедралата.
Сведокот Никола претпоставува дека голиот маж се залагал за воведување на здравствено воспитување во училиштата бидејќи викал: „ Секс во училиштата“!
Загребската полиција не потврдила дали против голиот маж поднела прекршочна пријава или е упатен на психијатриско лекување.
