Граѓанската партија денеска излезе од владата на Словенија!

Објавено: 23 јануари, 2013, во 21:23 часот

 

„Го направивме првиот чекор за излез од кризата“ рече претседателот на словенечкиот Парламент и лидер на Граѓанската листа, Грегор Вирант зборувајќи дека неговата партија излегла од владата на Јанез Јанша, пренесува Индех.хр.

Имено, Граѓанската листа денеска на состанокот на партијата го прифатила заклучокот за излегување од словенечката владеачка коалиција.

Јанез Шиштершиќ и Сенко Пличаниќ, двајцата членови на оваа партија, ги напуштија министерските места.

Загребскиот портал потсетува дека станува збор за најавен потег на Вирант, кој пред десет дена го повика премиерот Јанез Јанша да поднесе оставка.  Тогаш Вирант му даде рок на Јанша од десет дена и кога рокот истече партијата ја напушти владината коалиција.

Јанша ги одби сите барања на Граѓанската листа. Поточно не прифати да даде оставка а коалициските партнери меѓу себе да најдат кандидат за нов премиер и во парламентот не поднесе иницијатива за гласање на доверба. Сега на Јанша му останува да пронајде начин да преживее неговата коалиција бидејќи станува збор за јак удар врз власта.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.