Тирана не одговара на барањето на Македонците од Мала Преспа!

Објавено: 2 февруари, 2013, во 10:11 часот

 

Ниту една од надлежните институции во Албанија не одговори на барањето на Македонците од Голо Брдо со која се бара децата да учат македонски јазик.

 

Пред 20 дена иницијативата ја поднесе македонското друштво “МОСТ” од Голо Брдо, со собрани 45 потписи од родителите на децата што учат во основното училиште “10 покојници” во Требиште, Општина Требиште, Голо Брдо.

Во писмената иницијатива Македонците напишаа:

“45 родители на ученици од с.Требиште, Општина Требиште бараат нивните деца да го изучуваат македонскиот јазик во образовниот процес во деветолетката на училиштето 10 покојници во с.Требиште, Општина Требиште. Ова петиција на родителите е врз основа Уставот на Република Албанија, Законот за образование на Република Албанија, Рамковната конвенција за заштита на правата на малцинствата, условот што е поставен на Албанија за исполнување на 11-та препорака на Европската комисија за почитување на правата на малцинствата, за добивање на кандидатски статус на земја кандидат за членство во ЕУ, и други конвенции и закони што нашата држава ги има потпишано за правата на човекот и на малцинствата.Мајчиниот јазик кој што се зборува во Требиште, Голо Брдо е македонскиот јазик, децата до седмата години незнаат албански јазик и него почнуваат да го изучуваат во училиште,” стои во писмото на македонското друштво “МОСТ”.

Претседателот на македонското друштво “МОСТ”, Бесник Хасани за весникот Македониум изјави дека не го изненадуваа овој молк на албанските институции, но Македонците од Голо Брдо нема да се откажат од нивното легитимно барање нивните деца го изучуваат мајчиниот македонски јазик.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.