Новинарите во Грција и денеска на штрајк!
Објавено: 6 февруари, 2013, во 08:23 часот
Од денеска до утре, 7 февруари наутро, нема да подготвуваат вести новинарите од националното радио и телевизија, во атинската информативна агенција, во главниот секретаријат за медиуми, во локалните радио-станици како и во телевизискиот канал на парламентот.
И грчката новинска агенција целосно ја запре работата.
Одлуката за уште еден целодневен штрајк, по вчерашниот, ја донеле уредниците во државните медиуми.
Штрајкот, со кој новинарите и медиумските работници се спротивставуваат на ликвидирање на колективните договори и драстично намалување на платите, го поддржува Синдикатот на медиуми во Грција.
