Крвава слика во центарот на Софија!

Објавено: 19 февруари, 2013, во 22:32 часот

Вечерва во центарот на Софија нешто пред 20 часот дојде до судир меѓу демонстрантите и полцијата.

Има повредени демостранти и полицајци. Дневник.бг јавува дека полицијата привела 25 демонстранти во различни полициски станици на главниот град.

Во вечерашниот протест настрадале 3 полициски автобуси, 2 џипа и 3 полициски автомобили.

Демонстрантите кон нив како и кон кордоните од полиција фрлале камења, димни бомби и други предмети.

Информативната агенција Стандард пренесе дека судирот на демонстрантите со полицијата се случил на булеварот „Цар Ослободител“ меѓу Орлов мост и зградата на парламентот на Бугарија.

Полицајците ги употребиле пендраците имало повеќе повредени млади луѓе со расцепени и крвави глави. „Зошто не тепате, вие не плаќате ли високи сметки или заштитувате престапници,“ извикувале демонстрантите кон полицијата.

Судирот на демонстрантите со полицијата се случи 2 часа откако протестите во Софија започнаа во 18.30 часот. Полицијата се обидела да ги спречи демонстрантите да минат по улицата која води кон зградата на парламентот.

Демонстрантите протестираат неколку дена и бараат намалување на цената на струјата.

Демонстрациите предизвикаа полтички тензии, а оставка си поднесе министерот за финасии додека премиерот Борисов понуди оставка и предвремени избори.

Протестите ги поддржува претседателот Плевнелиев./Н.Р

Извор: Стандард њуз/ Дневник.бг

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.