Владата на Јанез Јанша паѓа во среда!?

Објавено: 22 февруари, 2013, во 23:51 часот

Позитивна Словенија го превзема водењето на државата. Аленка Братушек ќе биде премиер а Јанко Вебер шеф на парламентот. Во среда ќе се одржи вонредна седница.

Позитивна Словенија вчера, во петок попладне на 22 февруари, побара итна седница на парламентот  на која би се расправало за доверба на владата на Јанез Јанша, пишува Новости.рс.

По се што се случи словенечките парламентарци ќе се најдат на вонредна седница веќе во среда кога се очекува да падне владата на Јанез Јанша.

Најголемата опозициска словенечка партија, по преговорите што траеја цел ден вчера, во петок, постигна согласност со останатите партии по итна постапка да го тргнат Јанша.

Иако се калкулираше декаАленка Братушек ќе биде само мандатар на привремената влада, Позитивна Словенија ќе бара таа да стане единаесеттиот претседател на словенечката влада.

Позитивна Словенија за нов претседател на парламентот го предложи Јанка Вебер.

Се ова се случува во Словенија по една година од владеењето на десничарската влада на Јанез Јанша која се покажа како неефикасна.

Иако на изборите победи Позитивна Словенија, Јанша успеа да ги предомисли малите партии и да формира влада, но не за долго.

Сега на голема врата на политичката сцена се враќа Позитивна Словенија а државата веќе следната недела може да добие лево орјентирана власт на сите нивоа, од претседател на држава, премиер до шеф на парламентот. /Н.Р

Извор : Новости.рс

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.