Јадела ли и кралицата коњско месо?!
Објавено: 23 февруари, 2013, во 13:47 часот
Кетеринг компанијата што го снабдува кралскиот Аскот користела контаминирано месо.
Како што беше објавено, синоќа, Кралицата и членовите на кралското семејство можеби јаделе коњско месо претставувано како говедско.
Во ескалацијата на скандалот со измамата со храна беше објавено дека во „Содехо“, најголемата британска кетеринг компанија е откриено коњско месо пакувано во производи со говедско.
Компанијата снабдува стотици училишта, домови за стари лица, воени бази, затвори, канцелариски кантини и спортски комплекси.
Значајно е што компанијата е одговорна и за катерингот на кралскиот Аскот кој го посетуваат кралицата и многу членови од нејзиното семејство.
Компанијата во сопственост на Французин има договор и за подготовка на оброци за војската во Бакингемската палата, замокот Виндзор и Лондонската кула.
Меленото говедско месо што се користело за подготовка на пити, италијанска храна и други производи меѓу кои и замрзнати хамбургери е повлечено од дистрибуција.
Деталите ги објави Агенцијата за стандарди на храна.
„Содехо“ обезбедува храна за 2300 институции низ целата земја, но одби да даде детали за бројот на училиштата од кои е повлечена храна.
Бакингемската палата побара истрага и од Министерството за одбрана од каде рекоа „Сите производи на Содехо што можеби се контаминирани, се повлечени од дистрибуција“./Н.Р
Извор: Daily Mail
