Снег ја парализира Европа!
Објавено: 23 февруари, 2013, во 19:07 часот
Невреме во Австрија, Словачка со парализиран сообраќај. Во Франција виулица. Снег падна во западна и централна Хрватска, го има во Риека дури и на островите во Јадранско море.
Според Хрватскиот хидромереоролошки завод најмногу снег падна во Горски котор каде висината на снежната покривка изнесува над еден метар.
На врвот на планината Велебит, Завижан измерени се 288 а во местото Бегов раздол 195 сантиметри снег. Во Загреб паднаа 25, а на Сијеме, врвот на Загребачка гора се измерени 122 сантиметри снег.
Снежната покривка од 17 сантиметри создаде проблеми во сообракајот во Риека. Се забелеа и кварнерските острови Крк, Црес и Лошињ.
Големи снежни врнежи јазафатија и Австрија каде има голем број на сообраќајни несреќи и доцнење на авионските летови на виенскиот аеродром Швехат.
Во раните утрински часови се случија, само на патиштата во покраината Долна Австрија, 17 сообраќајки во кои животот го изгубија 2 а повредени се 25 лица од кои 6 потешко.

Се лизгаа камионите на влезовите на Виена. Затворен за тешки товарни возила над 3,5 тони беше автопатот А 21. Сообраќајот беше привремено запиран и поради отстранувањето на заглавени камиони.
Големите снежни врнежи , кои нокеска ја зафатија Австрија, предизвикаа проблеми во авиосообраќајот на виенскиот аеродром Швехат. Задоцнија и целосно беа откажани 8 летови на Аустријан ерлајнс.
Состојбата не е ништо подобра и во Словачка. Патниот сообраќај во престолнината Братислава се подобри попладнево откако снегот предизвика сериозни проблеми.
Во градот за време на ноќта паднаа 25 сантиметри снег по што доцнеа повеќе линии на градскиот превоз и по пет часа.
Пореметена беше работата и на меѓународниот аеродром во Братислава па неколку слетувања беа пренасочени кон Будимпешта. Потоа патниците беа превезувани со автобуси до Словачка.
Снегот ја парализира и Прага. ИТАР ТАСС јавува дека во различни делови на на градот паднал снег помеѓу 15 и 30 сантиметри. Денеска биле регистрирани 80 сообраќајни несреќи на патиштата во Чешка.

Во Франција целосно беше пореметен сообраќајот во југоисточниот дел на земјата, на Алпите.
Затворени се многу автопати а снежната виулица се движи кон Корзика.
На многу патишта е забранет сообраќајот за тешки товарни возила.
Нов бран снежни врнежи ја зафати и Италија. Има проблеми во одвивањето на сообраќајот. Во Болоња е одложен првенствениот фудбалски натпревар Болоња – Флорентина а во Рим беснее бура од силен дожд./А.Ј
Извор:Танјуг/ Хина/ ИТЕР ТАСС
