Во Рим убиен познат фотограф – со куршум во глава!
Објавено на 2 март, 2013 во 20:07
Полицијата трага по евентуални сведоци на убиството на фоторепортерот Ло Прести и се обидува да ги открие причините зошто е убиен.
Четириесет и три годишниот фоторепортер Даниеле Ло Прести, кој ги фотографирал познатите филмски ѕвезди и други луѓе, е пронајден мртов на патеката за велосипеди под мостот Testaccio во Рим.
Денешната обдукција утврдила дека е убиен со куршум калибар 7.65 додека бил на џогинг на патеката покрај реката Тибар. Инаку, годинава ова е деветто убиство во Рим.
Според првичните информации Ло Прести , наводно, требало да се сретне со некои луѓе. Полицијата истражува кои се луѓе тој ги снимил, како живеел и со кого се дружел.
Наводно сакал да се коцка. Пред шест години некој намерно го запалил неговиот автомобил./Н.Р
