„Александарленд“ причина за кавга на локални власти во Грција!

Објавено: 6 март, 2013, во 09:57 часот

Кој ќе го гради тематскиот парк за Александар Велики, насловен „Александарленд“, ги скара локалните власти во северна Грција.

Градоначалничката на Верија, Харула Усулцоглу на прес конференција се пожалила дека плановите кои минатата недела ги откри заменик гувернерот на грчката област Централна Македонија Јоргос Цамаслис за изградба на таков тематски парк во близина на Солун, се копија на нацрти кои општината Верија ги направила уште во 2007 година.

„Сметаме дека предлогот за изградба на парк посветен на Александар Велики во Солун е неприфатлив“, изјавила Усулцоглу.

Градоначалничката информирала  дека планот на општината Верија вклучува тематски парк, хотел, амфитеатар и библиотека кои би биле изградени на површина од 35 хектари во близина на Вергина, родното место на Александар, пренесува МИА.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.