Рудник Гацко: Евакуација поради лизгање и надоаѓање на вода !

Објавено на 10 март, 2013 во 22:01

На површинскиот коп од стариот дел на рудникот за јаглен Грачаница во Гацко во тек е демонтажа и евакуација на опремата,заради зголемено ниво на водата која надоаѓа од реките Мушница и Грачаница  по активирање на лизгалиштето и отворање на пукнатината на коритото на реката.

Се проценува дека нивото на водата внатре во окното е педесттина метри но за сега не се загрозени новите транспортери,пренесува Радио-телевизија Република Српска.

Во известувањето се наведува дека селскиот пат спрема селото Срѓевиќ е поплавен а населението е без вода за пиење.

Реките Мушница и Грачаница се излеаја вчера и бидејќи се активира лизгалиштето,тие продреа во еден дел од површинскиот коп на рудникот Гацко./Б.Н.Т

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.