Се враќа во службена употреба името на општината Пустец, во Албанија?!

Објавено: 12 март, 2013, во 08:58 часот

Законодавно – правната комисија на албанското собрание го прифати барањето на жителите на Пустец името на општината официјално да биде Пустец а не Лиќенас.

Македонците во оваа општина на брегот на Преспанското езеро во Албанија одамна бара официјалното име на општината да биде Пустец, онака како што тоа било отсекогаш.

Засега нивното барање го поддржаа пратениците на владеачката партија, Демократска партија на Албанија, но сеуште се противи опозициската Социјалистичка партија.

Одлуката за официјалното користење на името Пустец треба да ја донесе Собранието и за неа да гласаат и власта и опозицијата во Албанија./Б.Н.Т

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.