Земјите со најдобра патна инфраструктура!
Објавено: 12 март, 2013, во 09:02 часот
Швајцарија, е земја со најдобра инфраструктура во светот објави во извештај Светскиот економски форум за глобална конкурентност за 2012-2013. Според информациите на Business Insider на ранг листата на земји со најдобра инфраструктура се наоѓаат Холандија, Германија, Австрија, Исланд, Обединети Арапски Емирати, Франција, Хонг Конг, Финска, Сингапур и Швајцарија.
Стопанската комора на Македонија вчера објави дека земјата е на исклучително лошо ниво во однос на патната и железничката инфраструктура.
Практично, додека светот и регионот работеше Владите во Македонија се мислеа и премислуваа, што е подобро да се гради, дали коридорот 8 или коридорот 10.
Соседите како Косово и Албанија веќе се поврзани со модерни патишта. Преку Романија и Бугарија кон Грција привршува изградбата на коридорот 4, кој стана директна конкуренција на нашиот коридор 10.
Во извештајот на Светскиот економски форум за глобална конкурентност САД е на 25-то место, зад земји како Саудиска Арабија, Шпанија и Јужна Кореја.
Пред САД се наоѓаат Велика Британија, Саудиска Арабија, Јужна Кореја, Барбадос, Оман, Шведска, Шпанија, Белгија, Јапонија, Канада, Бахреин, Данска, Луксембург и Португалија./Б.Н.Т
