Ќе се искачи ли Азија на папскиот трон?
Објавено: 12 март, 2013, во 12:12 часот
„Habemus papam!”
Од големиот централен балкон на базиликата „Св. Петар“ во Ватикан светот наскоро пак ќе го слушне извикот „Имаме Папа!
Но кога наследникот на Бенедикт XVI и пастирот на Католичката црква ќе излезе на светлина, не е многу веројатно тој да биде Азиец.
Конклавата на кардинали познати и како принцови на црквата, според прес службата на светата престолнина брои 207 членови во рангот на оние со црвена одора.
Од нив се очекува да гласаат 115. Секој кардинал постар од 80 години не може да гласа.
Меѓу нив, Европа е најзастапена со вкупно 61 кардинал, по кои следат Северна и Латинска Америка со 11 кардинали со право на глас, Азија има 11, додека Океанија има само еден.
Едно од овие 115 лица ќе стане 266-от светски понитф.
„Ако гласаме според бројноста, веројатно е новиот папа да биде од Европа“, вели монсињор Педро Квиторио, директор на Конференцијата на Католичките бискупи на Филипините кој е свештеник од 1981. Во папската конклава, во групата што треба да го избере следниот Римски поглавар,„Ние од Азија сме малцинство“.
Сепак, надежите за папа Азиец остануваат силни. Се проценува дека 81% од граѓаните, околу 77 милиони луѓе се католички верници што оваа црква ја прави најголема тврдина на далечниот исток./Н.Р
Извор: CNN
