Затворен и франкфуртскиот аеродром!
Објавено: 12 март, 2013, во 15:56 часот
Франкфуртскиот аеродром,трет по големина во Европа,затворен е поради силните снежни врнежи кои ја погодија Германија и останатите земји на северозападна Европа,рече портпаролот на аеродромот.
“Од 11.20 часот повеќе нема слетувања ниту полетувања. До сега се откажани 213 летови“,изјавил портпаролот за агенцијата Франс прес.
Поради снегот запрен е сообраќајот и на брзите возови на Јуростар. Северозападниот дел на Европа е блокиран денеска поради снегот а илјадници луѓе останаа без струја.
Франција,Велика Британија,Белгија,Холандија и Германија се најмногу погодени од невообичаено силните снежни врнежи само десетина дена пред календарскиот почеток на пролетта./Б.Т.Н
