Не сака синот да и биде нов папа!
Објавено: 12 март, 2013, во 16:23 часот
Мајката на кардиналот Кристофер Шоенборн,кој важи за еден од фаворитите,не сака синот да и биде новиот папа бидејќи како што вели таа во тој случај повеќе нема да може да го гледа.
“Целтото семејство стравува дека Кристофер ќе го изберат за папа”, изјавила 92-годишната Елеонора Шоенборн на новинарите на “Клајне цајтунг”, пренесува Ројтерс.
Повикувајќи се на прошталниот говор на Бенедикт XVI, дека папата со целото тело припаѓа на Црквата,таа рекла дека во тој случај “за неа тоа би било крај“.
“Тогаш веќе никогаш нема да го видам Кристофер бидејќи немам сила да патувам за Рим“,рекла мајката на кардиналот.
Шеесет и осум годишниот Кристофер Шоенборн покрај Италианецот Андјел Скол често се споменуваше како можен кандидат за папа.
Денеска започна Конклавата за избор на папата кој ќе го наследи Бенедик XVI на тронот на свети Петар./ Б.Н.Т
