Органската соја извозна шанса за Србија !

Објавено: 13 март, 2013, во 10:44 часот

Органското производство на соја би можело да биде извозна шанса,зашто Институтот за земјоделство и зеленчукови култури НС е неформален центар на европската асоцијација Дунав соја.

Србија е единствена земја во Европа која има сопствена доволна количина за производство на соја а пазарот на Западна Европа со своето производство задоволува еден до два отсто од сопствените потреби,пишува Данас.

“Дунав соја опфаќа региони од 16 земји,од јужна Германија и северна Италија,до Бугарија и јужна Украина,а овој институт има најконкурентни сорти на немодифицирана соја. Во низините на централна Европа постои потенцијал и ние се вклучивме во тоа.Може да се каже дека Институтот е водечка установа во Европа за развивање на нови видов на соја.Во светот,освен мултиационалните компании,нам може да ни конкурираат само неколку универзитети во САД и тука приказната завршува.Нашата традиција не е долга,помала е од 40 години,на почетокот на 1990 се произведени првите сорти создадени кај нас од кои некои сеуште се одгледуваат.Тие во првата сезона, од нашите ниви ги потиснаа репродуцираните американски сорти.Денес имаме 115 сорти регистрирани во Србија и 57 во странство од тие 15 се на европската сортна листа.Наша голема шанса е извоз на семе и органско одгледување на соја,предноста е што минавме еден тежок период,каде не дававме доволно храна ниту пестициди.Нашата земја не е толку контаминирана и затоа побрзо би доаѓале до лиценца“,вели Јегор Миладиновиќ,научен советник во Институтот за земјоделство и земјоделски култури.

Според него државата создала услови и донела закон и правилник,пазарот  е обезбеден и само треба да се произведува.

“Сепак треба да се има на ум дека тоа е производство кое бара малку повеќе време и внимание ,со пониски приноси.Но цената е висока и побарувачката на богатиот и пребирлив пазар на западна Европа е огромна.Истовремено односот на цените им оди во прилог,така да цената на модифицираната соја е 450 долара по тон ,немодифицираната 570 а органски произведената чини 920 долара за тон,што е доста исплатливо,смета Миладоновиќ./ Б.Н.Т

извор: “Данас“

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.