(Видео) Аирес Хорхе Берголио од Аргентина е новиот папа!

Објавено: 13 март, 2013, во 20:30 часот

Од оџакот на Сикстинската палата во Ватикан излезе бел дим, што значи дека Римокатолицката црква вечерва доби нов поглавар.

Новиот папа е Хорхе Марио Берголио од Буенос Аирес. Кардиналот го избра името Франческо Први.

Францускиот кардинал Жан Луи Торан званично објави „habemus papam“  или  „имаме папа“ по што новиот папа излезе на терасата на базиликата Свети Петар да ги поздрави верниците.

Франческо Први e првиот поглавар на Римокатоличката црква од американскиот континент. Како што јави британската мрежа BBC, Берголио бил познат по скромниот начин на живот.

По пуштениот бел дим, скоро истовремено во Ватикан одекнаа и звоната на базиликата Свети Петар, најавувајки дека е избран наследникот на Бенедикт XVI.

Инаку, денеска попладне околу 17.30 часот на оџакот на Сикстинската палата слетал гулаб и мирно стоел околу половина час за што се претпоставува дека бил симболична случка по најавата за заминувањето на папата Бенедикт XVI.

Изборот на новиот папа беше дочекан со воодушевување меѓу собраните верници на плоштадот Свети Петар, а од кога се дозна дека е избран папа илјадници верници од целиот свет се слеаа кон плоштадот.

Италијанската телевизија објави дека Франческо (Франсис) Први, што се толкува како избор на име кое симболизира скромност и ветува реформи во црквата.

Новиот папа предводи 1,2 милијарда католици во светот./Н.Р

Извор: BBC

видео

{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=uMmSimJuMUI{/youtube}

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.