Уапсена група Албанци кои краделе возила во Грција!
Објавено: 15 март, 2013, во 22:14 часот
Петмина Албанци и еден Грк се уапсени денес во Солун,на северот на Грција,поради сомневање дека украле 43 камиони и мотоцикли.
Меѓу уапсените бил и еден малолетник кој имал 15 години,соопшти полицијата.
Тие се осомничени дека во октомври минатата година украле 111 камиони,од кој повеќето биле со товар и 32 мотоцикли.
Крадците возилата ги расклопувале на делови а товарот пронајден во камионите го продавале во Албанија,пренесува грчката агенција Ана.
За време на претресот на становите во кои живееле,полицијата пронашла и украдени телевизори,компјутери,облека и апарати за домаќинство./Б.Н.Т
