Едно лице загина во невремето во Бугарија!

Објавено: 15 март, 2013, во 23:34 часот

Од ураганот кој ја погоди централна Бугарија,едно лице загина а дванаесет се повредени.

Една жена во Габрово починала откако врз неа се срушил столб на паркинг а две лица се потешко повредени. Невремето предизвика и проблеми и со електричната енергија при што над 73 000 домаќинства остана без напојување а запрен е и железничкиот сообраќај од големото невреме.

 

Силниот ветар корнел дрвја а оштетил и покрив на една болница при што пациентите кои биле на лекување веднаш биле евакуирани.Голема материјална штета на бројни објекти и куќи предизвика невремето кое беснее во Бугарија.Невреето предизвика проблеми и во Србија,се излеваат реките  Ибар, Тимок, Сава и Млава.Во тимочката област од надојдените води поплавени се околу илјада хектари земјоделско земјиште.Во моемнтов заради зилевањњето на реките најкритично е во северно косово.поплавени се Пеќ, Клина, Ѓаковица и Србица а од поплавите настрада и десетгодишно девојче./Б.Н.Т

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.