Во Велика Британија лекар злоупотребувал пациентки!

Објавено: 15 март, 2013, во 23:39 часот

Британски лекар кој се снимал додека сексуално ги злоупотребувал своите пациентки признал пред судот дека сторил десетина кривични дела.

45- годишниот Давиндерџит Бејнс со помош на часовник со вградена камера ги снимал жртвите во својата ординација во Ројал Вутон басет,на западот на Англија.За време на апсењето,полицијата на неговиот рачен часовник и домашниот компјутер открила 361 видео снимка со висока резолуција.Бејнс пред судот признал за 39 напади врз 30 жени,на возраст од 14 и 51 година,вклучувајќи и сексуални напади,воајерство и сексуална злоупотреба на дете.

-Пациентите ја давале својата доверба на лекарот а др Бејнс масовно ги изиграл.Тој е едноставно „сексуален предатор“,изјавил инспекторот Марк Гарет кој ја водел истрагата.На Бејнс казната дополнително ќе му биде изречена./Б.Н.Т

Извор: Танјуг

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.