Се продава Храмот на Аполон во Атина!
Грчката Агенција за приватизација објавила дека ја продава археолошката атракција Храмот на Аполон кој се наоѓа на плажа во рамки на хотелски комплекс во Атина,објави Б92.
Сега за да се посети овој храм треба да се добие дозвола од сопственикот на хотелот а најверојатно по продажбата ќе се продаваат и карт за влез,пишуваат грчките медиуми.
„Алтернативна акција за поквалитетен живот“ ,граѓанско движење кое се спротивставило на продажбата од Владата побарало да реагираат на ова пратениците, партиите и судските власти.
Тие бараат и да се забрани приватизацијата и продажбата на археолошкиот храм,инфраструктурата,плажите и шумите.
Храмот на Аполон кој е откриен за време на археолошките ископувања во 1926-1927 година, е со димензии 13 на седум метри.
Аполон е грчки бог на светлината, музиката и медицината, а бил присутен и во старогрчката и во римската митологија./Б.Н.Т