Групно силување во Индија,жртвата е од Швајцарија!
Нова жртва на групно силување во Централна Индија е една швајцарска туристка,соопштила локалната полиција а пренесува Ројтерс.
Жената заедно со својот сопруг на велосипеди тргнале кон Таџ Махал во Агра,кога ги пресретнала група од осум мажи во местото Мадија Прадеш, каде планирале ноќта да ја поминат под шатор.
Во извештајот на полицијата стои дека,жената која била на 39 годишна возраст од страна на напаѓачите била силувана пред својот сопруг а подоцна и ги ограбиле.
Веднаш била однесена во најблиската болница а идентитетот на жртвите освен дека се од Швајцарија,не се открива.
Ова силување доаѓа во момент кога бројни Индијци протестираат против сексуалните малтретирања и напади кои најчесто минуваат без казна.
Ваквите протести почнаа кон крајот на декември лани,кога беше силувана и претепана 23-годиша студентка која подоцна почина од здобиените повреди./Б.Н.Т