Протести пред кипарскиот парламент!
Денеска на протест пред кипарскиото парламент излегоа околу илјада лица незадоволни од како што рекоа, согласувањето на власта да го прифати условот на Евро-групата за воведување данок врз банкарските депозити.
Засега нема регистрирано инцидент,а околу парламентарната зграда има полициски кордон од возила и бодликава жица.
Организирани преку социјалните мрежи,малди луше држат транспаренти на кои е напишано „Не чепкајте ги нашите пари!“, „Не сакаме да плаќаме за туѓи грешки!„ и слично.
Протестот е како одговор на антикризната програма,од заседанието на Еврогрупата кое се одржа во саботата а која предвидува принудно вовлекување во нејзиниот финансирање на вложувачите во банките во Кипар.
Ваквата мерка предизвика сериозна загриженост кај граѓаните кои почувствувале дека се измамени и ограбени од владата,која до последен миг ги убедувала граѓаните дека депозитите им се заштитени.
Против обидот на власта да се раздолжи со парите на своите граѓани заради грешките на банкарите и политичарите ова се и први големи протести,јавуваат руските медиуми.Тие се одржуваат пред празната парламентарна зграда зашто гласањето кое требаше да се одржи денес е презакажано за утре,за да му се даде можност на претрседателот Никос Анастасиадис да се обиде да се договори со Еврогрупата за намалување на данокот за малите депозити.
Судејќи според паролите на протестот, меѓутоа, тоа на граѓаните не им е доволно, бидејќи тие инсистираат на целосно укинување на таканаречениот „антикризен данок“.
За Кипар, со население помало од милион лица, овој протест е доста голем настан, уште повеќе што денеска на островот е празничен ден по повод христијанскиот празник Чист понеделник, посочуваат руските медиуми./ Б.Н.Т