Здрава пченка услов за пониско ниво на афлатоксин !
Здружението на производители на млеко на Србија денес проценило дека враќањето на нивото на афлатоксин во млекото од 0,5 на 0,05 микрограма за килограм, нема да биде можно се додека за исхрана на кравите не се обезбеди потполно здрава пченка.
” За санација на моменталната состојба и усогласување на целокупниот систем за контрола на нивото на афлатоксинот во сточната храна и млеко според стандардите на ЕУ неопходен е преоден период од најмалку година дена до новата берба на пченка,изјавил на конференцијата за новинарите во Белград претседателот на УО на тоа здружение Љубиша Јовановиќ.
Тој рекол дека во здружението,чии членови произведуваат млеко со процент на афлатоксин од 0,01 до 0,03 микрограма за килограм,сметаат дека на сите производители во земјата сепак не можат да им обезбедат пченка со низок процент на афлатоксин.
“Сметаме дека моменталното ниво на афлатоксин од 0,5 микрограма за килограм е усогласено со правилникот за присуство на афлатоксин во сточната храна и дека е тоа одржливо решение во моменталната состојба“,изјавил Јовановиќ,додавајќи дека во праксата постои проблем и со дистрибуција на минералот зеолит кој државата го дели како додаток во исхраната на кравите за неутрализација на афлатоксинот.
Тој нагласил дека потрошувачите мораат да бидат свесни дека и нивото на афлатоксин од 0,5 микрограма за килограм е безбеден,дека важи во цел свет,освен во Европската Унија каде е воведена нецаринска бариера за увоз на млекото./ Б.Н.Т