Двајца Роми убиени и двајца ранети од поранешен бугарски воен офицер!
Двајца Роми се застрелани и двајца се борат за живот,по упадот во домот на своите соседи во ромската населба во Софија од страна на вооружен поранешен бугарски воен офицер, информира Министерството за внатрешни работи.
Како што стои во полицискиот извештај 67 годишниот офицер влегол дома кај жртвите,отворил оган и го застрелал на лице место 26-годишниот Ром, а со сериозни повреди се здобиле 22-годишник и две жени, на возраст од 28 и 56 години, од кои едната набрзо починала во болница, јавува агенцијата АФП.
Убиецот потоа се обидел да изврши самоубиство и е хоспитализиран со тешки повреди,соопштуваат од министерството.
700.000 Роми живеат во Бугарија.Според француската агенција АФП,живеат во еден вид на гета и од страна на бугарското население се дискриминирани.Многу често овде се случуваат инциденти меѓу самите Роми но и инциденти меѓу ромите и бугарите./ Б.Н.Т