Видео: Масовна тепачка во парламентот на Украина!
Објавено: 19 март, 2013, во 12:57 часот
Тепачка меѓу пратениците од националистичката партија “Слобода” и владеачката партија избувна во салата на украинскиот парламент.
Опозициските пратеници го блокираа пристапот до трибината веднаш, откако Александар Ефремов од владеачката партија го почна своето обраќање на руски јазик. Опозицијата го пречека неговиот говор со извици: “Кажи им на украински!” и „срамота”.
Претседателот на парламентот Владимир Рибак ја прекина работата на парламентот и ги повика лидерите на парламентарните групи во својот кабинет на консултации.
Националистичката партија „Слобода” се залага сите пратеници да зборуваат само на украински јазик.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=oRWt3jiIE_k{/youtube}
