Каде се крадците?
Објавено: 19 март, 2013, во 14:25 часот
Убедени дека знаат кој стои зад славната кражба на уметнички дела вредни 500 милиони долари што се случи пред 23 години, ФБИ нудат награда.
Кој стои зад најголемата кражба на уметнички дела во историјата?
По агресивната 23 годишна истрага што вклучуваше интервенции во законите и следење на траги насекаде во светот, ФБИ соошти дека властите веруваат дека знаат кој украде 13 уметнички дела од Бостонскиот музеј „Изабела Стјуарт Гарднер“ во 1990, вредни над 500 милиони долари. Но, денес наместо да апсат, ФБИ заедно со музејот и Правобранителот за Масачусетс замолија да се вратат уметничките дела и федералните органи на прогонот нема да поднесат обвиненија. Дополнително, тука е и наградата од 5 милиони долари. „Со голема доза на сигурност ФБИ верува дека во годините по кражбата, уметничките дела се транспортирани во Конектикат и Филаделфија каде крадците ги понудиле на продажба“, рече Ричард Делориер, специјален агент од бостонската канцеларија на ФБИ.
„Со иста увереност ги идентификувавме крадците кои се членови на криминална организација со седиште во средно атланските држави и Нова Англија. Но, не откривме каде се сликите сега и затоа бараме помош од јавноста“. Во она што се вбројува меѓу топ 10 криминални дела во ФБИ, двајца мажи облечени како полицајци во раните утрински часови на 18 март, 1990 влегле во музејот, ги совладале чуварите и украле 11 слики и цртежи. Некои од нив биле исечени од рамките и завиткани во ролни, а биле украдени и две склуптури како и кинески бронзен брод стар 3000 години.Чуварите чија задача била да не пуштаат аутсајдери, седум часа по кражбата се пронајдени со врзани раце и со ленти залепени за столчиња во подрумот на музејот. Никој никогаш не е уапсен.
Извор NBC news
