Парламентот на Индија усвои строг закон против силување!
Објавено: 19 март, 2013, во 21:56 часот
Воведување на построги казни за кривични дела против жени е резултат по грозоморното групно силување на 23-годишна девојка во Њу Делхи минатата година која почина како последица од тоа.
Долниот дом на индискиот парламент предлог-законот со кој се утврдуваат построги казни за силувачите, вклучувајќи и смртна казна,а се зголемува и казната за кривични дела воајеризам, прогонување и напади со киселина,известија локалните медиуми.
Овој предлог-закон, содржи и предлог минималната возраст за согласност за секс да остане на 18 години, иако некои политички партии сакаа таа да биде на 16 годишна возраст.
Минималната казна за групно силување,потоа силување на малолетник или пак силување од страна на орган на власта ќе се зголеми на 20 години па до доживотен затвор без да има право сторителот на помилување.
Ваквите мерки се резултат на групното силување на 23-годишна девојка во Њу Делхи минатата година кое за неа заврши фатално и предизвика масовни протести во целата земја./ Б.Н.Т
