Контроверзниот предлог на ЕУ и ММФ Кипар го одби!
Објавено: 19 март, 2013, во 22:03 часот
Парламентот на Кипар го отфрли контроверзниот предлог за оданочување на банкарските депозити, кој беше посочен како услов да се добијат 10 те милијарди евра за спас на двете најголеми банки во државата.
„За“ овој предлог не гласаше ниту еден од пратениците,против беа 36 а 19 беа воздржани.Јанакис Омиру,претседател на кипарскиот парламент во својот настап ги охрабри пратениците да не го прифатат планот ко го окарактеризира како „уцена“.Во последниот предлог на министерството за финансии малите штедачи со депозити до 20 илјади евра беа изземени но тој не беше прифатен од страна на пратениците.Демонстрантите кои се насобраа пред кипарскиот парламент радосно ја дочекаа веста дека предлогот е одбиен.
Ваквата вест за помош од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд на нож ја дочекаа граѓаните на Кипар.Штедачите во паника брзаа да си ги извадат заштедите а комерцијалните банки ги исклучија банкоматите и ги затворија филијалите.
Најавата за оданочување на банкарските депозити вчера незадоволство изрази и рускиот претседател Владимир Путин оценувајќи ја како опасна и непрофесионална.Ова се подразбира ако се земе во обзир дека скоро 80 милијарди евра странски инвестиции во Русија доаѓаат преку Кипар.
