Молња го погодила авионот на фудбалската репрезентација на Италија!
Објавено на 20 март, 2013 во 21:36
Молња го погодила авионот со кој летале италијанските фудбалски репрезентативци за Женева, пишуваат италијанските медиуми.
Ситуацијата била смирена по неколку минути турбуленција на воздухопловот.
Повредени немало, авионот сигурно слетал, а според некои очевидци, италијанските фудбалери ја бакнувале земјата кога излегле на пистата.
Фудбалерите отпатуваа за Женева биејќи утре имаат пријателска средба со Бразил во Женева./А.Д