Читајте! Денес е Светски ден на поезијата!
Разновидност во дијалог, слободен проток на идеи преку збор, креативност и иновација.
Светскиот ден на поезијата е покана да се размислува за моќта на јазикот и целосен развој на креативните способности на секој човек, пишува во пораката на генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова по повод Светскиот ден на поезијата 21 Март.
Бокова истакнува дека овој ден значи поддршка на поезијата, враќање на усната традиција на поетски рецитали, промоција на едукацијата за поезијата, обновување на дијалогот меѓу поезијата и другите уметности (театарот, танцот, музиката, сликарството), поддршка на малите издавачи и создавање атрактивна слика за поезијата во медиумите така што, вели Бокова, поезијата веќе нема да се смета за застарена форма на уметност.
Светскиот ден на поезијата традициионално ќе биде одбележан и во Македонија – со манифестацијата „Поетско пладне“ што ја организираат Мaкедонскиот ПЕН Центар и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски”.