Индиските законодавци донесоа строг закон против силувањата!
И покрај невидените протести кои анимираа десетици илјади индијци, бројот на инцидентите со сексуални навреди не се намалува.
Во вторникот, законодавците во парламентот дискутираа за новиот закон, во време кога британска туристка ја повреди ногата скокајќи од третиот кат на балконот на хотелска соба во Агра, градот на Таџмахал, во обид како што вели полицијата да избега од малтретирањето на сопственикот на хотелот.
Минатата недела банда силуваше швајцарска туристка која отишла на велосипедска тура во Централна Индија.
„Сакам да констатирам дека ние делуваме со строг закон за да послужи како кочница“, рече министерот за домување Сушилкумар Шинде.
Новиот закон кој се очекува да биде прифатен на тековната сесија на горниот дом утврдува максимална казна со смрт во случаите кога жртвата на силување починала или се наоѓа во „постојана вегетативна состојба“.
Оние осудени за силување во банди, силување на малолетник, или силување извршено од полицаец или службеник ќе се казнат со минимална казна од 20 години затвор.
Одредбите за одобрување од владата за судење на полицајци, службеници, политичари и судии обвинети за силување исто така се подобрени. За првпат, законот го криминализира следењето и воајерството и други акти на сексуално малтретирање кои долго време се нарекуваа со бенигниот израз “љубовно задевање“.
Оттука и силувањата кои се случуваат во текот на религиозните и свеченостите на кастите ќе се сметаат за сериозни сексуални напади. Сепак, законот не ги третира континуираните проблеми со брачното силување или правната неказнивост на индиските воени офицери, ниту пак вклучува одредби за забрана за вршење на функцијата за политичарите обвинети за силување.
„Новиот закон е голема добивка за нас. Многумина се први во ова“, рече Кавита Кришнан, активист за правата на жените која предводеше неколку протести против силувањето во главниот град. Не опфаќа 100% се што баравме, но не сакавме да одолговлекуваме или да се откажеме од она што го имаме чекајќи совршен закон“./Н.Р
Извор: WASHINGTON POST