Македонски емигрант загина во Швајцарија!

Објавено: 22 март, 2013, во 11:35 часот

Деветнаесет годишно момче од Македонија го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа која се случила во тунел во Швајцарија.

Тинејџерот возејќи автомобил Nissan GT-R со брзина од 200 километри на час ја загубил контролата над автомобилот и најпрво удрил во Volkswagen Touran, а потоа во Mercedes E-class. Во несреќата се повредени и 34-годишен Швајцарец и 31-годишна Швајцарка.

По несреќата момчето било пренесено во болница, но наредниот ден подлегнало на тешките повреди.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.