Никола Саркози под истрага!
Објавено: 22 март, 2013, во 12:11 часот
Поранешниот француски претседател Никола Саркози е ставен под формална истрага за обвинувањата дека во неговата изборна кампања во 2007 добил илегални донации од најбогатата жена во Франција.
Саркози е обвинет за примање на илјадници евра од шефицата на Лореал, Лилијан Бетанкур, која денес има 90 години.
Поранешниот лидер негира дека земал пари од госпоѓа Бетанкур. Како што објави Франс прес, неговиот адвокат вели дека ќе вложи жалба против „некохерентната и нефер одлука“.
Судијата Жан Мишел Жантиј кој ја води истрагата, неочекувано го соочил Саркози очи в очи со батлерот на Бетанкур, Паскал Бонфој, во градот Бордо.
Судијата сака да утврди колку често политичарот се среќавал со госпоѓа Бетанкур во 2007.
Додека Саркози инсистира дека ја сретнал само еднаш во текот на таа година, Кристијан Фрејзер, дописник на BBC од Париз извести дека батлерот дал поинаква изјава. По сослушувањето, обвинителите рекоа дека поранешниот претседател е под формална истрага „за искористување на ранливо лице во 2007-та, на штета на Лилијан Бетанкур“.
Скандалот Бетанкур по датуми
Јули 2010: Поранешниот сметководител на госпоѓа Бетанкур, Клер Тибу, обвини дека Никола Саркози е еден од бројните центро- десничарски политичари кои редовно добивале плик со пари.
Септември 2010: Француската финансиска полиција врши претрес во главната канцеларија на партијата на Саркози
Јули 2012 : Полицијата го пребарува домот и канцелариите на Саркози откако тој го изгуби имунитетот како претседател.
Ноември 2012: Саркози е испрашуван за наводите дека госпоѓа Бетанкур незаконски му помогнала да ја финансира неговата изборна кампања во 2007
Истрагата продолжува до одлуката дали тој ќе се најде на суд./Н.Р
Извор: BBC
