Светска кампања „Час на Земјата“!
Исклучете ги, вечерва, еден час сијалиците во домовите и вклучете се во светската кампања „Час на Земјата“.
Во големите градови ширум светот, вечерва, ќе се исклучат светлата на еден час.
На ваков начин граѓаните ќе се вклучат во кампањата „Час на Земјата“ со која се спротивставуваат на неодговорниот однос со кој се предизвикуваат климатските промени.
Во Русија за првпат ќе се исклучат светлата на Кремљ.
И годинава поддржувачи на кампањата се Сиднејската опера во Австралија, Емпаер стејт билдинг во Њујорк, како и Ајфеловата кула во Париз.
Организаторите очекуваат кампањата да ја поддржат и стотици милиони луѓе во светот, со тоа што ќе ги исклучат светлата во нивните домови на еден час, почнувајќи од 20:30 по локално време. Кампањата „Час на Земјата“ почна во Сиднеј во 2007 година, а минатата година учествуваа повеќе од 150 земји./Б.Н.Т