Словенија на работ на бездната ?!

Објавено: 25 март, 2013, во 16:43 часот

После Кипар, Словенија, е следната држава на која и треба финансиски пакет за спас, пишуваат аналитичарите на американски „Вашингтон пост“.

Како што изгледа кризата на Кипар е стара вест бидејќи нова земја за која треба да се поведе грижа е Словенија.

Малата членка на ЕУ позади себе има лоша недела со скок на камаптните стапки на обврзниците на 5,4 % и стравува  дека ке и биде потребна меѓународна финансиска помош, пишува амариканскиот весник.

„Нивото на кое моментално се наоѓаат словенечките државни обврзници се далеку под кризно ниво. Каматните стапки на Кипар се движат околу 7 насто. Меѓутоа стапките во Словенија секако спаѓаат во опасната зона,“ стои во текстот во кој Вашингтон пост преашува како Словенија дојде до ова и зошто?

Словенија стана членка на ЕУ во 2004 а домашната валута, толар ја смени во 2007 година.

Станува збор за мала економија која се потпира на извозот, а на почетокот на 21 век, имаше раст повисок отколку во еврозоната, но со поголем долг. За разлика од другите земји кои имаат проблеми со кредитите за недвижности, Словенија имаше проблем со корпорации кои финансирале некои операции преку долг наместо преку капитал. Така во 2007 година истражувањето покажа дека долгот на приватниот сектор забележува раст од 23,5 проценти, додека нефинансискиот долг на приватниот сектор е зголемен за 40 проценти.

„Вашингтон пост” потсетува на извештајот на ММФ од минатата недела, според кој трите најголеми словенечки банки кои се во државна сопственост, нема да преживеат без нови докапитализации. ММФ исто така посочи дека односот на нефункционални кредити од 15,6 проценти во 2011 година. се искачи на 20,5 отсто во 2012 година.

Марко Крањец, член на словенечката Централна банка и ЕЦБ, сметадека на Словенија нема да и биде потребен меѓународен спас бидејки ситуацијата во државата е многу полесна во споредба со Кипар.

Словенечкиот јавен долг лани изнесувал 52,7 отсто од БДП а се предвидува дека до крајот на 2014-та ќе порасне до максимални 69 отсто. Тоа е незначителна сума во споредба со земјите кои имаат сопстена валута како САД или пак со земјите со криза како Грција.

Кога Словенија би имала сопствена валута проблемот полесно би се решил. Затоа што ја нема, се наоѓа на работ на бездната, заклучува Вашингтон пост./Н.Р

Извор: Washington Post

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.