Владата ќе ги помага весниците во Хрватска!
Објавено: 25 март, 2013, во 21:33 часот
Даночни олеснувања за помош на весниците во државата најави хрватската влада. Ваквата најава веднаш ја поздрави Синдикатот на новинари на Хрватска и упати апел владата да влијае врз работодавачите да ги задржуваат работните места и да овозможат подобри услови за вработување.
Владата со надлежните институции треба да придонесе корист од тоа намалување на ДДВ да го почувствуваат новинарите и сите вработени во медиумите, стои во отвореното писмо од синдикатот. Оттаму укажуваат дека има можност повластениот ДДВ да биде условен со заштита на работните места во сите редакции и заштита на најзагрозените групи во струката.
Сепак хрватските новинари , зависно од однесувањето на Владата, не ја исклучуваат можноста за штрајк и соработка со други синдикати, а како законска основа наведува непотпишување на националниот колективен договор.
Последниве четири години околу 350 новинари останале без работа, а 750 се невработени.
Извор: Фактор
